Миранда Кер е секси моторџика во новиот едиторијал „A Woman With Drive“ за дигиталното списание „The Edit“.
31-годишната Австралијка била фотографирана од Крис Колс во креации од брендови како The Row, Saint Laurent, Rag & Bone и Frame Denim.
Во интервјуто за списанието, Кер изјавила дека не се смета себеси за модел. „Уште од мојата прва фотосесија на 14 години, никогаш не се гледав себеси како модел. Ако некој ме праша што работам, велам дека поседувам своја козметичка компанија. Не се дефинирам себеси како модел“ – рекла таа.
Кер споделила и дека се чувствува најсреќна кога е со својот син Флин. „Најсреќна сум кога сум со син ми на плажа или во парк и уживаме без папараци. Приватноста е најважна, особено кога си мајка“ – објаснила таа.