Миранда Кер го покажа својот труднички шарм на изложба во Калифорнија, каде го придружуваше својот сопруг Еван Спигел.
36-годишниот поранешен ангел на Victoria’s Secret е во последниот месец од бременоста и го очекува второто дете со 29-годишниот основач на Snapchat. Кер има уште еден син од претходниот брак со Орландо Блум.
Изложбата „Christian Marclay: Sound Stories“ беше организирана од Snapchat и LACMA (Музејот на уметностите на Лос Анџелес).
Миранда и Еван започнаа да се состануваа во 2015 година, а стапија во брак во мај 2017 година. Нивното прво дете се роди во мај 2018 година, а во март годинава, тие објавија дека го очекуваат второто дете.