Миранда Кер го придружуваше сопругот Еван Спигел на изложба и интимна вечера организирана од Snapchat и „Вог“ во Кан.
На француската ривиера, 39-годишниот поранешен ангел носеше кратко црвено фустанче од Прада, металик чанта од Диор, обувки од Маноло Бланик и дијамантски обетки. За прославата по повод новата соработка со „Вог“, основачот на Snapchat избра елегантен црн костум.
Наоми Кембел, Парис Хилтон и Џаред Лето беа меѓу славните личности поканети на настанот.
На изложбата „Vogue X Snapchat: Redefining the Body“ се презенираа дизајни од седум светски познати брендови, кои беа трансформирани со помош на Snapchat леќи.