Мараја Кери наиде на негативни реакции поради изборот на облека на концертот во Пекинг.
Музичката ѕвезда настапи во прекратко здолниште и претесен блескав корсет, а притоа ненамерно ја покажа својата долна облека.
Многумина го нарекоа изгледот на Мараја „очаен потег за внимание“, но не се малку и оние кои коментираат дека таа е талентирана пејачка и мајка на близначиња која не мора да го следи денешниот тренд и да се разголува за да привлече публика.
Кери, која неодамна започна постапка за развод од Ник Канон, имаше лош старт на музичката турнеја во Токио, кога многу фанови останаа разочарани од нејзиниот глас.