Мараја Кери наиде на лавина од критики за настапот на церемонија по повод осветлувањето на новогодишната елка на Rockefeller Center во Њујорк.

Музичката дива ја испеа во живо „All I Want for Christmas is You“, но публиката не остана одушевена од нејзините вокални способности.
На YouTube се појави и видео на кое може да се слушне пеењето на Кери, без музика и пратечки вокали. Фалширањето и фактот што славната пејачка не може да ги „фати“ високите ноти изнудија многу лоши коментари.
А еве го и настапот со музичка и вокална поддршка: