Најбогатите добиваат и најмногу бесплатни задоволства. Airbnb постојано им овозможува на славните личности престои на луксузни имоти, без да платат ниту цент. Така, Мараја Кери доби одмор во снежниот Аспен во прекрасна вила која чини 22 милиони долари.
Музичката дива секоја година традиционално го дочекува Божиќ во Аспен, заедно со семејството. Овој пат таа ќе слави со двете близначиња Монро и Морокан, но и со новото момче – танчарот Брајан Танака.
Славната пејачка сподели фотографија на која позира пред една од големите елки во вилата.