Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лорен Конрад со нова фризура во Marie Claire

ФОТО: Лорен Конрад со нова фризура во Marie Claire

Лорен Конрад со нов изглед ја краси насловната страница на списанието Marie Claire. 27-годишната дизајнерка и писателка ја покажа новата посветла фризура со шишки, од популарниот селебрити фризер Крис МекМилан.

Лорен Конрад Лорен Конрад

Летната фотосесија била направена во Мајами од фотографот Реган Камерон.

Лорен Конрад

Во интервјуто за списанието, Конрад признала дека и покрај тоа што има многу обожаватели, редовно е мета на негативни критики кои научила да ги игнорира. „Секогаш ќе има по малку... негативност. Сфаќаш дека тоа не е важно. Толку е едноставно, но истовремено е и тешка лекција за учење. На крајот на денот, тоа не те засега на никаков начин“ – изјавила таа.

Лорен Конрад Лорен Конрад Лорен Конрад

Конрад зборувала и за своето ново момче, музичарот Вилијам Тел: „Тој е многу добар за мене, затоа што имаме многу заеднички работи. За првпат сум со некој на кого не треба да му објаснувам одредени нешта. Тој има искуство во шоу-бизнисот, па разбира многу работи кои луѓето не ги сфаќаат“.

Вилијам Тел и Лорен КонрадВилијам Тел и Лорен Конрад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.