„Играта ќе започне наскоро“ – пишуваат од Netflix во најавата на краткиот трејлер за втората сезона од популарната серија „Squid Game“.
Три години по победата во првата сезона од „Squid Game“, играчот со број 456 се откажува од плановите да замине во САД и се враќа во игрите на „живот или смрт“. Новите учесници исто така ќе се борат за награда од 45,6 милиони долари.
Погледнете го официјалниот трејлер за долгоочекуваното продолжение на „Squid Game“, кое на Netflix ќе започне да се прикажува на 26 декември.