Виторија Черети изгледаше занесно на галата „Уметност + Филм“ во Музејот на уметноста во Лос Анџелес (LACMA).
26-годишната девојка на Леонардо Дикаприо мамеше погледи во гламурозна креација во лаванда нијанса која е дело на модниот бренд Гучи.
Атрактивната италијанска манекенка на свеченоста пристигна сама и позираше за фотографии пред бројните фоторепортери.
На галата беше присутен и Леонардо, но тој беше фотографиран само внатре на забавата.
Лео и Виторија започнаа да се состануваат во август минатата година. Иако сè уште се немаат појавено заедно на свеченост, се шпекулира дека нивната врска станува сè посериозна.