Лејди Гага го искористи престојот на Бахами и за работа и за релаксација. Музичката ѕвезда беше фотографирана додека се забавуваше на плажа со пријатели.
29-годишната пејачка ја искористи паузата помеѓу концертите во рамките на турнејата „Cheek to Cheek“ за да поужива во егзотичната убавина на популарната туристичка дестинација.
Лејди Гага и Тони Бенет ја започнаа заедничката турнеја на крајот на минатата година.