Со новиот филм „On The Road“ Кристен Стјуарт се обидува да се ослободи од имиџот на слатка, нежна девојка кој ѝ го донесе улогата на Бела во „Twilight“.
Во неколку сцени од новиот филм, 22-годишната актерка лежи на кревет целосно гола, додека во други сцени е топлес.
Сепак, разголувањето не било проблем за младата актерка. Додека го промовираше филмот на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, таа за разголувањето изјави: „Не е голема работа... Не ми сметаше да го направам тоа.“
Кристен во филмот и симулира секс со двајца момци, актерите Сем Рајли и Гарет Хедлунд.