Кристен Стјуарт наводно го изневерила Роберт Патинсон со женет режисер. Странските медиуми известуваат дека младата ѕвезда од „Twilight“ имала кратка љубовна авантура со режисерот на филмот „Snow White and the Huntsman“, Руперт Сандерс.
Списанието „Us Magazine“ на својата насловна страна објави и фотографија за која тврди дека покажува романтична прегратка помеѓу 22-годишната Кристен и 41-годишниот Руперт.
Анонимен извор ја потврдил веста за неверството и за угледното списание „People“. „Кристен е уништена. Тоа беше грешка. Таа немаше афера со Руперт. Тоа беше само краток момент кој не требаше да се случи. Таа не сакаше да повреди никого. Таа е добра личност која само направила лош избор“ – пишува „People“, цитирајќи свој извор.
Руперт и Кристен работеа заедно на филмот „Snow White and the Huntsman“, во кој таа ја има главната улога. Во филмот мала улога има и сопругата на Руперт, 33-годишниот модел Либерти Рос. Либерти и Руперт имаат две мали деца.
Никој ги нема ниту потврдено, ниту негирано гласините. Либери Рос единствено напишала на Twitter „WOW“, пред да го избрише својот профил од социјалната мрежа.
Последен пат Кристен и Роберт се појавија заедно пред неколку дена на „Teen Choice Awards“.