Кристен Стјуарт ќе влезе во улогата на принцезата Дијана во филмот „Spencer“ кој ќе започне да се снима следната година.
Новата драма за кралското семејство ќе го опфати „критичниот викенд“ во раните
Изборот Кристен да ја има главната улога поттикна многу коментари. Режисерот Пабло Лараин за Deadline појасни: „Кристен е една од најдобрите актерки на денешницата. За да го направиш ова добро, потребно ти е нешто многу важно во филмот, а тоа е мистерија. Кристен може да биде многу нешта, може да биде мистериозна и многу ранлива, а исто така и многу силна и нам тоа ни е потребно.“
Филмот ќе се фокусира на кревката и турбулентна врска на Дијана и Чарлс и нејзината огромна љубов кон синовите, принцот Вилијам и принцот Хари.