Принцот Карл Филип и принцезата Софија Хелквист стапија во брак. Парот се венча во капелата на кралската палата во Стокхолм.
30-годишната невеста носеше прекрасна венчаница од ателјето на шведската модна куќа Ida Sjöstedt и тијара која ѝ беше поклонета од кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија. 36-годишниот младоженец носеше темна униформа.
Илјадници фанови излегоа на улиците за да го поздрават среќниот пар.
Покрај кралот и кралицата, од кралското семејство беа присутни и принцезата Викторија со сопругот Даниел и бремената принцеза Меделин со сопругот Кристофер О’Нил.
Младенците официјално соопштија дека се во врска во август 2010 година, а на 27 јуни минатата година беше објавена нивната свршувачка.