Шведското кралско семејство ги објави официјалните свадбени фотографии од принцот Карл Филип и принцезата Софија Хелквист, кои ја крунисаа својата врска со брак изминатата сабота.
На фотографиите среќните младенци позираа со своите семејства и влијателните гости.
30-годишната невеста носеше прекрасна венчаница од ателјето на шведската модна куќа Ida Sjöstedt и тијара која ѝ беше поклонета од кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија. 36-годишниот младоженец носеше темна униформа.
Церемонијата се одржа во капелата на кралската палата во Стокхолм.