Вчера Шведска беше домаќин на традиционалниот гламурозен банкет по повод доделувањето на Нобеловите награди.
Околу 1.600 гости присуствуваа во грандиозната сала во Стокхолм, која беше украсена со 20.000 цвеќиња донирани од италијанскиот град Сан Ремо, каде почина шведскиот научник Алфред Нобел во 1896 година.
Кралското шведско семејство ги придружуваше добитниците на угледните награди.
Бремената престолонаследничка Викторија носеше виолетов фустан од By Malina, а на нејзината глава блескаше тијарата Connaught Tiara. 38-годишната принцеза се појави заедно со Артур Мекдоналд, добитник на Нобеловата награда за физика.
Принцезата Софија, која во јуни стапи во брак со принцот Карл Филип и е бремена со нивното прво дете, носеше тегет тоалета од Oscar de la Renta. Таа го придружуваше Такааки Каџита од Јапонија, добитник на Нобеловата награда за физика.
Принцезата Меделин носеше сива креација од Fadi el Khoury и тијарата Aquamarine Kokoshnik. 33-годишната принцеза чекореше заедно со Пол Модрич, еден од добитниците на Нобеловата награда за хемија.
Кралицата Силвија блескаше во отмен црвен фустан.