Ким Кардашијан и Кание Вест ја поканија екипата на Architectural Digest во нивниот дом во Лос Анџелес.
Куќата, која е уредена во минималистички стил, Кание ја опишува како „футуристички белгиски манастир“.
„Едно нешто што ни е заедничко со Кание е тоа што преферираме неутрална палета. Ја сакам едноставноста кај дизајнот. Сè во надворешниот свет е хаотично. Сакам да се враќам во место во кое веднаш се чувствува спокојство“ - вели Ким.
На една од фотографиите, парот позира со четирите деца – Норт, Сент, Чикаго и Псалм.