Војвотката Кетрин и принцот Вилијам продолжуваат да ги исполнуваат своите задолженија поврзани со нивната кампања за менталното здравје.
Во Лондон, 34-годишната мајка на две деца се појави облечена во црвен фустан од својот омилен британски бренд L.K.Bennett и кремови обувки од Gianvito Rossi. Кејт го надополни својот изглед со кремова чанта,која исто така доаѓа од L.K.Bennett.
Кралскиот пар ја посети хуманитарната организација „YoungMinds“ посветена на подобрување на менталното здравје кај деца и млади лица, а која е поврзана со кампањата „Heads Together“ на Кејт, Вилијам и принцот Хари.