Војвотката Кетрин најчесто ја гледаме во елегантни изданија со фустани, но за најновото појавување во јавност, 39-годишната сопруга на принцот Вилијам избра полежерен стајлинг.
Кејт носеше модна комбинација со фармерки и патики за посетата на природонаучниот музеј во Лондон.
Сакото на Кетрин доаѓа од модната куќа Chloé, фармерките се од брендот & Other Stories, додека патиките се од Veja.