Војвотката Кетрин со стил пристигна во Лондонската кралска опера.
За посетата на Одделот за костими, 37-годишната претставничка на британското кралско семејство избра пеплум костум од колекцијата есен/зима 2015 на Оскар де ла Рента и салонки со златни детали од Рупер Сендерсон. Костумот на Кетрин чини 3.500 долари, додека обувките 670 долари.
Претходно, таа ги носеше истите креации во февруари 2017 година, на конференција за менталното здравје каде присуствуваше заедно со принцот Вилијам.
Кетрин се сретна и со директорката на кралскиот балет, Лаура Морера, и проследи балетски танц.