Џорџ Мајкл сними своја верзија на песната „You And I“ како свадбен подарок за принцот Вилијам и неговата идна сопруга Кејт Мидлтон.
Романтичната „You And I“ оригинално е од Стиви Вондер, но Џорџ решил дека е идеална за подарок за кралската свадба, иако тој не е поканет на церемонијата.
47-годишниот пејач, кој беше пријател со принцезата Дијана, сакал среќата за свадбата да ја искаже јавно. Тој изјавил дека се чувствува емотивно поврзан со принцот Вилијам затоа што неговата мајка починала неколку месеци пред Дијана.
„Апсолутно сум убеден дека на Дијана ќе ѝ се допаднеше сето ова“ – изјавил Џорџ во шоуто на Пирс Морган за CNN.