Војвотката Кетрин посети основно училиште во Лондон во рамките на Неделата на менталното здравје на децата, продолжувајќи ја својата соработка со добротворната организација Place2Be.
37-годишната претставничка на британското кралско семејство избра смарагдно-зелен фустан од Eponine, кој го искомбинира со црни хулахопки и црни чизми од LK Bennett. Својот изглед, таа го надополни со обетки од Kiki McDonough и чантичка од Mulberry.
Кејт се сретнa со ученици и учители кои учествуваат во различни активности во рамките на Неделата на менталното здравје на децата. Таа ќе присуствува и на две предавања и ќе разговара со родители за важноста на добрите навики пред спиење, за времето поминато пред екраните и за вежбањето и исхраната.
Темата на овогодишната Недела на менталното здравје на децата е „Здрави: Однатре и однадвор“ и се фокусира на поврзаноста меѓу физичкото и менталното здравје.