Почетна » Новости » Мода » Модата како огледало, заедницата како сцена – започна 30 јубилејно издание на Моден Викенд Скопје

Модата како огледало, заедницата како сцена – започна 30 јубилејно издание на Моден Викенд Скопје

Скопје, веќе 15 години е етаблиран регионален центар кој модата ја препознава низ културно-општествениот контекст на промени. И првиот ден од Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank, сезона број 30 го потврди токму тоа: модата повеќе не живее само на писта, туку во просторот помеѓу луѓето, зборовите и заедничката желба нешто да се промени.

Како генерален партнер, УНИБанка ја поддржува визијата на FWSK за мода што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на заедницата.

FWSK

Под слоганот „Community", ова јубилејно издание започна не со блесок, туку со длабочина.

Diamond Residence CaratWestOffice, годинешната локација на настанот, се претвори во креативна лабораторија.

Изложбата „Community" – курирана во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) – беше колективен крик, интимен гест, гласно „да" за сите форми на самоизразување. Петнаесет уметници Доротеј Нешовски, Слободан Милошески, Перо Кованцалиев, Никола Смилков, Синиша Новески, Нела Стојчевска, Татјана Ристовска, Озбек Ајваз со скулптури, инсталации и видео-дела поставија еден нов контекст дека модата, како и уметноста, е огледало на вредностите што ги делиме.

FWSK FWSK FWSK

Видеопрограмата „Фемина" – со дела од Јана Манева-Чупоска, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Весна Стефановска, Ивана Самандова, Ана Вчкова, Ѓорѓе Јовановиќ ја отвори темата за женскиот глас, телото и процесот на креација. Секоја проекција беше како интимно писмо – отворено, политичко и моќно.

А вечерта кулминираше со ревијата на победниците од натпреварот Past2Future Fashion, што годинава прерасна во регионален настан поддржан од Metropolitan University и Амбасадата на Република Словенија.

На сцената блеснаа Тим Понграц и Хана Крнц од Словенија, Јана Станишиќ и Доротеа Сушиќ од Србија, и Инес Бариќ од Хрватска.

Секоја од колекциите не само што беше технички и естетски зрела, туку носеше и свој став – за идентитетот, за корените, за екологијата, за телото како спомен и отпор.

FWSK FWSK FWSK FWSK

Од панк-естетика испреплетена со балканската баба како лајтмотив, до колекции изработени од текстилот на бабиниот мираз, од интерпретација на словенечки митови до современи везови инспирирани од Сиорогојно – младите дизајнери не нѐ носеа само напред, туку нѐ вратија дома, редефинирајќи што значи „наследство" во модата.

FWSK FWSK FWSK FWSK FWSK FWSK

А кога ERA ANGELA ја претстави својата колекција Ethereal Essence, нежноста и мистиката влегоа во просторот со иста моќ како и трендовите – со силуети што лебдат, тонови што трепкаат и детали што зборуваат за внатрешниот глас на секоја жена.

FWSK FWSK

GEORGIYA, поддржано од ZIAJewelry со својата романтична и царска втора сезона, покажа дека „вечерна облека" може да значи и вечна убавина, и автентична визија. Преку корсети, пастелни нијанси и внимателно изработени детали, брендот потсети дека раскошот има свој јазик и своја емоција.

FWSK FWSK FWSK

Во публиката имаше дизајнери, уметници, новинари, студенти и луѓе што не се плашат да прашаат: „Што значи модата денес?"

Во атмосферата – свежина, енергија, и чувство дека сите сме дел од нешто што не завршува тука.

FWSK FWSK

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.