Принцот Џорџ и војвотката Кетрин беа во публиката на поло натпревар во кој учествуваа принцот Вилијам и принцот Хари, но малото детенце беше порасположено за играње отколку за следење на мечот.
23-месечниот Џорџ се забавуваше со својата мајка. И двајцата беа облечени во сино-бели комбинации. Кетрин ја покажа својата тенка фигура во тесни фармерки и блуза во морнарски стил. Судејќи според нејзиниот изглед, тешко е да се поверува дека таа го роди второто дете пред само шест седмици.
Поло натпреварот беше од хуманитарен карактер.