Војвотката Кетрин и принцот Вилијам го проследија натпреварот помеѓу Англија и Германија на Европското првенство во фудбал.
На мечот, кој се одржа на стадионот „Вембли“, 39-годишната војвотка и 39-годишниот принц беа придружувани од нивното најголемо дете – принцот Џорџ.
За оваа пригода, Кетрин избра црвено сако од Zara.
Кралското семејство на трибините се сретна и со Дејвид Бекам и Ед Ширан.