Леонардо Дикаприо неодамна донираше 15 милиони долари за заштита на природата, а вчера ја организираше својата втора гала-вечер за да ја продолжи хуманитарната мисија.
На свечениот настан во Сен Тропе присуствуваа повеќе славни лица, а многу погледи беа насочени кон новата девојка на Дикаприо, Кели Рорбак, и згодната Ирина Шајк.
Кели Рорбак се појави во виолетов фустан од колекцијата пролет/лето 2015 на Роберто Кавали.
Ирина Шајк заблеска во долг бежов фустан од колекцијата висока мода есен/зима 2015 на Версаче.
Преку аукција беа собрани 40 милиони долари.