Ирина Шајк максимално го ослободи својот сексапил за септемвриското издание на рускиот „Allure“.
27-годишната убавица позираше во црвени креации на Оскар де ла Рента, Каролина Ерера, Марк Џејкобс, Џејсон Ву и DSquared.
Како вистинска неодолива заводничка, Шајк ги мами погледите на згодните модели Џордан и Зак Стенмарк пред објективот на Џампаоло Згура во хотелот „Плаза“ во Њујорк.
На една од фотографиите Ирина целосно се препушта во прегратката на Зак и дозволува фустанот од Каролина Ерера да го открие нејзиниот задник.
Во интервјуто за списанието, Ирина споделила дека преферира класична облека. „Ги обожавам креациите на Том Форд, Живанши и Азедин Алаја. Тие се идеално скроени, женствени и сексапилни. Јас купувам облека којашто би можела да ѝ ја предадам на својата ќерка, а таа да не изгледа старомодно додека ја носи“ – рекла Шајк.