Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блејк Лајвли, Ед Вествик... Славните личности се збогуваат со Мишел Трахтенберг, која почина на 39 години

Блејк Лајвли, Ед Вествик... Славните личности се збогуваат со Мишел Трахтенберг, која почина на 39 години

Смртта на актерката Мишел Трахтенберг ги растажи нејзините колеги, фановите и сите оние кои ја познаваа.

Откако одекна веста дека ѕвездата од „Gossip Girl“ и „Buffy the Vampire Slayer“ била пронајдена мртва на 39-годишна возраст, многу славни личности ги искористија социјалните мрежи за да се збогуваат со неа.

Мишел Трахтенберг

Актерите кои рамо до рамо глумеа со неа во серијата „Gossip Girl“ споделија заеднички фотографии и напишаа емотивни пораки.

Блејк Лајвли објави фотографија направена на првиот ден кога ја запозна Мишел.

Мишел Трахтенберг

„Ова е на првиот ден кога ја запознав Мишел. Таа беше струја. Знаевте кога влегуваше во собата, бидејќи вибрациите се менуваа. Сè што правеше, го правеше 200%. Се смееше максимално на туѓите шеги, се соочуваше директно со авторитетите кога ќе почувствуваше дека нешто е погрешно, длабоко се грижеше за нејзината работа, се гордееше што е дел од оваа заедница и индустрија, колку и да е болно понекогаш. Таа им беше жестоко лојална на своите пријатели и смела за сите оние кои ги сакаше... И секогаш имаше вкусен сјај за уста со мирис на карамел...“

„Времето минува. Ја земаш здраво за готово шансата да се видиш со стар пријател... Држете ги блиску оние кои ги сакате. Светот изгуби чувствителна и добра личност со Мишел. Нека нејзината работа и нејзиното огромно срце бидат запаметени од сите оние кои беа доволно среќни да го искусат нејзиниот оган“ – напиша Блејк.

Мишел Трахтенберг

„Мишел беше една и единствена. Се сеќавам кога првпат се појави на сетот и апсолутно доминираше. Таа беше сила на природата, забавна и магнетна... Се сеќавам на тие години со широка насмевка. Ова е страшна загуба. Те сакам“ – напиша Чејс Крафорд, познат по улогата на Нејт во серијата.

Мишел Трахтенберг Мишел Трахтенберг Мишел Трахтенберг

„Многу се растажив кога слушнав за смртта на Мишел. Испраќам молитви“ – напиша Ед Вествик.

Мишел Трахтенберг

Ким Катрал, актерката која глумеше покрај Мишел во „Ice Princess“ објави фотографија направена на снимањето на филмот и напиша: „Почивај во мир, слатка Мишел“.

Мишел Трахтенберг Мишел Трахтенберг

Алисон Ханиган од „Buffy the Vampire Slayer“ напиша: „Со длабока тага ја примив веста за смртта на Мишел. Таа донесе прекрасна енергија на сетот на Бафи. Моите мисли се со семејството и пријателите на Мишел“.

Мишел Трахтенберг Мишел Трахтенберг Мишел Трахтенберг Мишел Трахтенберг Мишел Трахтенберг

Мишел почина откако ѝ била направена трансплантација на црн дроб.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23256 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.