Ирина Шајк ужива во убавините на Медитеранот. Згодната Русинка беше фотографирана на плажа во Италија.












Шајк сподели на Instagram неколку фотографии од своето летно патување.


29-годишната манекенка, која неколку месеци е во врска со актерот Бредли Купер, неодамна беше гостинка на Париската недела на високата мода. На гламурозниот моден настан во Париз, таа носеше три креации од италијанскиот бренд Версаче.



