Жизел Бундхен со фотографиите за „Vogue“ Бразил докажува дека несомнено го заслужува статусот супермодел.
32-годишната долгонога Бразилка ја покажува беспрекорната фигура, иако фотографиите биле направени само два месеца по раѓањето на нејзиното второ дете, ќеркичката Вивиен.
Марио Тестино, којшто стои зад едиторијалот, на почетокот требало да ја фотографира Жизел само за корицата, но бил толку воодушевен од формата на нејзиното тело што значително ја продолжил фотосесијата.