По долги интернет дискусии кои актери заслужуваат да бидат ѕвезди во филмската верзија на еротскиот роман „Fifty Shades of Grey“ (50 нијанси сиво), одлуката е донесена.
Дакота Џонсон ќе влезе во улогата на Анастасија Стил, главниот лик од трилогијата на Е. Л. Џејмс. „Со задоволство ви соопштувам дека прекрасната Дакота Џонсон се согласи да биде нашата Анастасија во филмската адаптација на Fifty Shades of Grey“ – објави авторката на Twitter.
23-годишната Дакота е ќерка на актерите Дон Џонсон и Мелани Грифит.
Но, обожавателките на „50 нијанси“ многу повеќе беа љубопитни кој ќе биде избран за улогата на богатиот бизнисмен Кристијан Греј. „Прекрасниот и талентиран Чарли Ханам ќе биде Кристијан Греј во филмската адаптација на Fifty Shades of Grey“ – соопшти Џејмс.
33-годишниот Чарли ќе се обиде да го долови ликот на Греј, млад бизнисмен кој ќе влезе во страсна садо-мазо сексуална врска со младата и неискусна г-ца Стил.
Режисерка на филмот, кој е планирано да излезе на 1 август 2014 година, ќе биде Сем Тејлор-Вуд.
Иако добија многу критики поради „сиромашниот“ начин на изразување, книгите на Џејмс се искачија на врвот на листите на најпродавани книги во светот.