Анастасија Стил и Кристијан Греј конечно ќе ја крунисаат својата љубов со брак. Првото кратко видео од „Fifty Shades Freed“ ни дозволува да ѕирнеме во свадбената прослава на вљубениот пар.
„Ветувам дека верно ќе те сакам и ќе те чувам безбедна сè додека сме живи и двајцата“ – ѝ вели Кристијан во видеото.
Потоа, Стил и Греј се упатуваат на меден месец во Европа, каде ги очекуваат нови возбудливи авантури, но и застрашувачки моменти.
Последниот дел од трилогијата „FIfty Shades of Grey“ ќе започне да се прикажува во киносалите на 9 февруари следната година.