Џејми Дорнан и Дакота Џонсон го снимаат вториот дел од мегапопуларниот филм „Fifty Shades of Grey“ во Франција.
Филмските ѕвезди ги искористија паузите од снимањето за да се релаксираат на Азурниот брег.
34-годишниот актер го покажа мускулестото тело на плажа и беше фотографиран со својата сопруга Амелија Варнер, а нешто подоцна ним им се придружи и Дакота.
26-годишната актерка ги привлече фото-објективите на папараците во жолти бикини.
Погледнете и како се одвиваше снимањето на „Fifty Shades Darker“, кој ќе започне да се прикажува во киносалите на 10 февруари 2017 година.