Жешкиот трејлер за „Fifty Shades Darker“ изобилува со секси моменти. Видеото ги следи новите авантури на Кристијан Греј (Џејми Дорнан) и Анастасија Стил (Дакота Џонсон).
Додека парот ја обновува својата врска, лица од минатото на Кристијан се обидуваат да ги уништат нивните надежи за заедничка иднина.
Филмот ќе се прикажува во кино-салите од 10 февруари 2017 година.