Џејми Дорнан и Дакота Џонсон влегоа во улогите на Кристијан Греј и Анастасија Стил за фотосесија за „Entertainment Weekly“.


31-годишниот актер и модел и 24-годишната актерка ќе бидат ѕвездите во филмската верзија на еротскиот роман „Fifty Shades of Grey“.
Во интервју за списанието, Дорнан открил дека израснал во либерално место и дека не е шокиран од сексот во книгата, па самоуверено ја прифатил улогата. „Имаше мал страв. Но, пред сè, бев навистина возбуден“ – рекол тој.

Дакота, која е ќерка на познатите Дон Џонсон и Мелани Грифит, признала дека интензивно започнала да вежба за да изгледа добро во разголените сцени, а и ја бојадиса русата коса за да стане бринета.

Сем Тејлор-Вуд ќе биде режисерка на филмот кој ќе излезе на 14 февруари 2015 година.
