Ева Лонгорија зрачеше со гламур и елеганција на црвениот тепих на хуманитарната гала на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација чија цел е олеснување на животот на деца, жени и семејства.
За свеченоста, која се одржа во Кан за време на популарниот филмски фестивал, холивудската ѕвезда избра елегантен сребрен фустан со длабоко деколте од либанскиот дизајнер Жорж Хобеика. Блескавата креација Лонгорија ја надополни со обувки од Брајан Етвуд.


40-годишната актерка присуствуваше на манифестацијата како претставник на козметичкиот бренд L'Oreal.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ неодамна изјавила дека нејзината сестра ја инспирирала да започне интензивно да се занимава со хуманитарни активности. „Израснав со сестра со специјални потреби. Таа е прекрасна личност и светлина во животите на сите во моето семејство“ – рекла Лонгорија.








