Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Ева Лонгорија стана раперка за MTV EMA

ВИДЕО: Ева Лонгорија стана раперка за MTV EMA

Ева Лонгорија сериозно ја сфаќа улогата на водителка на овогодинешното доделување на MTV Европските музички награди.

Во секси црн костим за капење, дуксерка и високи потпетици, Ева рапува во новото хумористично видео за промоција на манифестацијата. Покажувајќи го својот сексапил, „очајната домаќинка“ рапува на англиски и шпански.

Ева Лонгорија

Доделувањето на MTV EMA ќе се одржи на 7-ми ноември во Мадрид, а се очекува да настапат многу звучни имиња од светот на музиката, како Шакира, Кети Пери, Linkin Park, Kings of Leon, Ke$ha и Kid Rock.

Погледнете го видеото на „раперката“ Ева Лонгорија Паркер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.