Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Ева Лонгорија

Диетата и фитнесот на Ева Лонгорија

Ева Лонгорија е секогаш активна без разлика дали снима сцени за серијата „Очајни домакинки“, работи за добротворни цели или го поддржува својот сопруг Тони Паркер на неговите кошаркарски натпревари. „Очајната домаќинка“ воопшто не изгледа очајно, кога станува збор за нејзиниот изглед. Нејзиното секси цврсто тело, нема трага од вишок килограми и Лонгорија блеска без разлика дали е во раскошен вечерен фустан или само по бикини.

Ева Лонгорија
Лонгорија го одржува своето тело преку здрава храна и редовни вежби.

Диетата

Лонгорија не е обожавателка на строги диети со кои се гладува. Таа се насочува кон здрава храна, со која ја одржува својата витка линија.

Совети

Еве на што внимава Ева Лонгорија во својата секојдневна исхрана, за да биде здрава и во форма:

  • Протеини за појадок. Лонгорија јаде храна богата со протеини за појадок како белки од јајца или храни богати со растителни влакна (житарици).
  • Многу овошје и зеленчук. Ева обожава за ужина да јаде свежи плодови или зеленчуци и кажува дека често внесува брокули и спанаќ.
  • Без брза храна. Атрактивната актерка можеби е од ретките луѓе кои не се обожаватели на брзата храна. Се разбира, понекогаш консумира колачиња или други слатки десерти.

Кога е запрашана од новинар на Us Magazine која е нејзината цел која сака да ја постигне во текот на 2009 година, Ева изјави дека сака да го откаже месото. Таа сега внесува повеќе зеленчуци и овошје со исхраната за да ги отстрани повеќето килограми, кои требаше да ги стави на своето тело, за да може да ја игра улогата на здебелената Габи во петтата сезона на серијата „Очајни домаќинки“.

Често одам дома, јадам чоколаден сладолед и си кажувам дека е тоа е во ред, затоа што сум го балансирала со вежбањето.

Ева Лонгорија

Фитнесот

Ева Лонгорија е поранешна инструкторка по аеробик, но сега го одржува своето тело со нејзиниот персонален тренер Патрик Марфи. Тој ја посетува Лонгорија три пати неделно во салата за вежбање во нејзиниот дом.

Во едно свое интервју, Ева признава дека првото нешто кое го сакала кога се правел планот за нивниот дом со Тони, било да има сала за вежбање. Се разбира, желбата ѝ е остварена. Сега таа не може да си наоѓа изговори за да го прескокне тренингот препорачан од нејзиниот тренер.

Нејзиниот тренинг започнува со 10 минутно загревање или на патека за трчање или на собен велосипед. Потоа таа прави 25 до 30 различни вежби за зацврстување на телото со по 30-45 секунди пауза помеѓу сериите. Најголемиот страв на Ева Лонгорија е да не се здебели околу задникот или „гравитацијата да не го направи своето“. Затоа, таа обрнува особено внимание на вежбите за зацврстување на задникот.

Тренерот на Лонгорија има задача често да ги менува вежбите, затоа што едни и исти вежби лесно ѝ здосадуваат на убавата актерка. Ева Лонгорија вежба уште и кик-бокс и јога.

Желбата да вежбам е породена од тоа што сакам да водам здрав живот, а не затоа што утре треба да снимам сцена по бикини.

Ева Лонгорија

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.