Ева Лонгорија привлекуваше погледи на галата на „Global Gift Foundation“ во Кан.
47-годишната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ шармираше во црна долга креација со отсечоци од Роберто Кавали. Атрактивната актерка носеше накит од брендот Messika, а за нејзината шминка се погрижи мејкап артистот Патрик Та.
Лонгорија беше придружувана од сопругот Хозе Пепе Бастон.
Ева неколку години е амбасадор на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства.