Ева Лонгорија изгледаше сексапилно на „National Hispanic Media Coalition Impact Awards“ во Лос Анџелес.
На настанот, 48-годишната актерка зачекори во црвена креација со ултра висок шлиц, а на сцената се закити со наградата „Icon Impact“ за нејзиниот придонес во латино заедницата преку медиумите и филантропијата.
Фустанот на ѕвездата од „Очајни домаќинки“ беше со ролка во предниот дел и разголен грб.
Ева ја доби поддршката од сопругот Хозе Пепе Бастон.