Дејвид Бекам ја продолжува успешната соработка со H&M. Славниот фудбалер на Facebook објави фотографии од неговата нова рекламна кампања за колекцијата долна облека која тој ја дизајнираше за шведскиот бренд.
На фотографиите, 37-годишниот сопруг на Викторија Бекам позира по боксерки од колекцијата пролет/лето 2013.
Дејвид најави дека во текот на оваа недела ќе бидат објавени и останатите рекламни фотографии.
Во склоп на кампањата, тој сними и рекламен спот кој е режиран од Гај Ричи.