Дејвид Бекам се обидува да ја развие љубовта на неговите деца за спортот. Славниот поранешен фудбалер ги одведе ќеркичката Харпер и двата сина Ромео и Круз на голф во Лос Анџелес.
Папараците не пропуштија да го овековечат моментот кога 42-годишниот спортист уживаше во друштвото на своите чеда.
Викторија и најстариот син Бруклин не беа вклучени во забавниот семеен ден.
Дејвид минува многу време со своите деца. Пред два дена, Круз сподели фотографии од семеен ручек во ресторан.