Дејвид Бекам е прогласен за „Најсекси маж на планетата“, откако читателите и експерти на списанието „Heat“ одлучија дека познатиот фудбалер е позгоден и пошармантен од Рајан Гослинг и Рајан Рејнолдс, кои ги зедоа второто и третото место соодветно.
„Нашите читатели и панелот од експерти очигледно имаат беспрекорен вкус затоа што искрено никој не ја заслужува титулата Најсекси маж на планетата 2012 повеќе од Дејвид Бекам. Тој има многу – талент, стил, сексапил, харизма. Жените го обожаваат, мажите сакаат да се како него и навистина сме возбудени што тој е на чело на нашата анкета“ – изјавила уредничката Луси Кејв.
Топ 10 најсекси мажи за 2012
Дејвид Бекам
Рајан Гослинг
Рајан Рејнолдс
Бредли Купер
Џејк Гиленхал
Роберт Патинсон
Том Харди
Џони Деп
Хју Џекман
Зак Ефрон
Во топ 25 се најдоа Џорџ Клуни (11. место), Тејлор Лотнер (17. место), Бред Пит (19. место), Орландо Блум (20. место) и Џастин Тимберлејк (21. место).