Слатките дружби на Дејвид Бекам и малата Харпер повторно беа мета на папараците. Славното дуо беше фотографирано во Лос Анџелес.
За време на прошетката, 40-годишниот поранешен фудбалер ја израдува малата ќерка со овошен јогурт.





На некои од фотографиите, Дејвид ја носи Харпер на рамена до автомобилот.



Претходно, Харпер и нејзината мајка Викторија посетија козметичко студио. Популарната дизајнерка ја почести ќеркичката со маникир и објави фотографија на Instagram.
