Почетна » Новости » Чуден свет » И ова е можно? Мајка и ќерка се бремени во исто време, тврдат дека носат бебе од истиот маж

И ова е можно? Мајка и ќерка се бремени во исто време, тврдат дека носат бебе од истиот маж

Очигледно, во денешно време се изместени границите на „нормалното“ и некои луѓе ќе направат сè за да стигнат до слава.

Мајка и ќерка тврдат дека се бремени во исто време и дека двете носат дете од истиот маж. Наводно, тие забремениле две недели една од друга.

Мајка и ќерка Мајка и ќерка

Џејд и нејзината мајка Дени во YouTube видео споделија дека ќе му родат дете на јутјуберот Ник Јарди. Џејд вели дека носи ќерка која ќе ја крсти Никол, додека Дени е бремена со момче кое ќе го добие името Ник Џуниор.

„Не е многу често мајка и ќерка да забременат во исто време, а не пак од истиот човек. Но, ние не сакаме работите да се поразлични“ – рекла Џејд.

Мајка и ќерка Мајка и ќерка
@nickyardy I’m the luckiest man alive @JadeTeen @daniswingsxo ♬ original sound - Nick Yardy

Тројката истакна дека е пресреќна со невообичаената врска и дека инспирирала и други луѓе да го направат истото.

„Неверојатно е што ја споделуваме љубовта и што инспирираме и други личности да пробаат неконвенционална врска, бидејќи во врската која ја имаме, во бракот кој го имаме, мислам дека никој од нас не бил посреќен“ – велат тие во видеото објавено на каналот на Ник.

„Возбудени сме што двете ќе имаме негови деца. Возбудени сме што ќе добиеме нови членови во семејството. Носењето бебе во исто време со мајка ми е највозбудливото и најубавото нешто кое можев некогаш да го очекувам– рекла Џејд.

„Она што е возбудливо е дека Никол ќе ми биде првата внука“ – рекла Дени.

Мајка и ќерка Мајка и ќерка

Иако голем број интернет корисници се шокирани од оваа приказна, не се сите толку убедени дека таа е вистинита. Многумина посочија дека трудничкиот стомак на Џејд изгледа лажно. Ник имаше снимено видео со Џејд и Дени во ноември, но во него ниту една од двете не изгледа како да е бремена.

Бројни се критиките онлајн кон Ник, Џејд и Дени.

„Ве молам, некој нека го уништи интернетот. Ги расипува луѓето. Господе помогни ни“, „Ова е сигурно измама. Пред два месеци не беа бремени“, „Ве молам, погледнете го стомакот на мајката. Тоа е нешто друго, не е бебе“, „Верувам дека е скеч за прегледувања. Подоцна, ќе изнајмат бебиња за ова да изгледа вистинито“, „Згреши што го направи ова само за прегледувања“, „Очигледно е измама. И со сигурност е болно. Луѓето започнаа да стануваат животни само за гледања“, „Ова е ужасно вознемирувачко“, „Лажни стомаци“, „Сè во ова видео е одвратно“ – се само дел од коментарите.

Мајка и ќерка Мајка и ќерка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24920 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.