Дејвид Бекам сними фотосесија за „Belstaff“. 40-годишниот поранешен фудбалер ги претстави креациите од колекцијата есен/зима 2015 на британскиот бренд.
Славниот спортист позираше во лежерни креации пред објективот на Џон Балсом.


„Стилот, тоа не е нешто што го планирам. Не се будам наутро со мисла ќе го носам тоа и тоа денес. Eдноставно излегувам во она во коешто се чувствувам најудобно“ – изјавил Бекам. „Сметам дека е важно луѓето да имаат своја смисла за мода, да имаат личен стил“ – додал тој.




Дејвид сними и краток филм за „Belstaff“. Погледнете дел од филмот „Outlaws“:
