Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Викторија Бекам со две корици за британскиот „Вог“

ФОТО: Викторија Бекам со две корици за британскиот „Вог“

Во есенски стил Викторија Бекам го разубавува августовското издание на „Вог“ Британија. За престижното списание 40-годишната дизајнерка била фотографирана од врвниот фотограф Патрик Демаршелие.

Уредничката на „Вог“, Александра Шулман, не можела да одлучи која од фотографиите да заврши на насловна, затоа г-ѓа Бекам добила две различни корици.

На првата, Викторија е облечена во бела кошула и палто од Шанел, додека на втората носи креација од Прада додека во рацете држи слатко куче.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Во интервјуто за списанието, славната мајка на четири деца го коментирала влегувањето во петтата деценија од животот. За прославувањето на четириесеттиот роденден таа рекла: „Си реков себеси, имам четири неверојатни деца, неверојатен сопруг и успешен бизнис. Работев напорно и постигнав многу. Сметам дека не можев да постигнам многу повеќе од ова.“

Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18975 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.