Џесика Симпсон ја доби поддршката од најблиското семејство за време на презентирањето на својата нова колекција за „Nordstorm“.
На модниот настан во Лос Анџелес 34-годишната дизајнерка се појави заедно со сопругот Ерик и двете мали деца, Максвел и Ејс.
Во завршувањето на ревијата, Симпсон се поклони на пистата, држејќи ја во рацете двегодишната ќерка Максвел, со која подоцна позираше пред насобраните фото-репортери.
Обожавателите на Џесика имаа само комплименти за нејзиниот изглед. Повеќе од очигледно е дека таа се врати во топ форма по раѓањето на децата. Додека беше бремена и во периодот помеѓу двете бремености, Симпсон добиваше многу негативни коментари за зголемената тежина.
Во интервју за „Access Hollywood“ Џесика призна дека не дозволува да ја допрат критиките на медиумите и дека се обидува да води поздрав живот. „По раѓањето на двете деца, се фокусирам на тоа да бидам својата најдобра верзија. И тоа во голема мера е поврзано со чучњеви, исчекори, пешачење, менување пелени и одвреме-навреме јадење на хот-дог“ – рекла таа.