Џесика Симпсон најпосле реши да ги потврди шпекулациите дека е бремена. 31-годишната телевизиска ѕвезда потврди дека го очекува своето прво дете.
„Точно е, ќе станам мајка“ – напиша таа на својот официјален сајт и објави фотографија од нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.

Бременото стомаче на Џесика од ден на ден стануваше сè поголемо, а фотографиите на папараците јасно покажуваа дека се работи за бременост, па редно беше Џесика да потврди.

Некои медиуми шпекулираа и дека таа намерно не соопштува за бременоста затоа што се обидува да извлече дебела сума за веста. Но, на крајот модната дизајнерка реши да потврди дека е бремена без многу свечености.
Ова ќе биде прво дете на Џесика и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон, кои се заедно од мај 2010 година. Во ноември минатата година тие објавија дека се свршени и дека се надеваат да стапат во брак до Божиќ 2011 година. Oчигледно плановите за свадба се малку одложени.