Еден месец по појавувањето на гласините дека е бремена со второто дете, Џесика Симпсон одлучи да ја потврди нивната вистинитост.
32-годишната ѕвезда објави божиќна фотографија со својата мала ќеркичка Максвел Дру Џонсон и порака во песок („Big Sis“) која кажува дека 7-месечното девојче наскоро ќе добие братче или сестриче.

„Среќен Божиќ од моето семејство до вашето!“ – напиша Симпсон на Twitter под фотографијата.

Ова ќе биде второ дете на Џесика со свршеникот Ерик Џонсон. Таа се породи на 1 мај годинава и веднаш се зафати со подобрување на фигурата поради милионски договор со компанијата „Weight Watchers“.
Пред недела дена Џесика ја објави и рекламата за програмата за слабеење на „Weight Watchers“, во која ја покажа новата фигура и објави дека по породувањето ослабела повеќе од 23 килограми.